Британските истражувања покажуваат дека просечната мајка во текот на денот прави дури 42 задолженија, како перење, чистење, спремање на децата за на училиште и да ги планираат оброците. И така секој ден!
Девет од десет мајки најчесто забораваат нешто да направат, а тоа се случува и по неколку пати на ден. А тоа најчесто се случува кај мајките кои работат. Покрај одржување на домаќинството тие мораат да го задржат и нивното работно место.
Септември е месец во кој родителите најмногу се околу децата, бидејки тогаш тие тргнуваат на училиште. Со самото тоа, жените се приморани да направат уште повеќе работи во текот на денот.
Меѓу останатото, времето за ручек е посебно стресно. Мајките од овој главен оброк се веќе преморени, бидејки и самото планирање, а потоа и готвење одзема доста енергија. Просечните мајки спремаат минимум два оброка дневно, а потребно е да се води сметка за тоа кога сопругот доаѓа од работа и да се усклади со воншколските активности на децата.
Со тоа, оваа студија прикажува дека најголем број на задачи ги прават пред 9 часот наутро, така да не е никакво изненадување што првите знаци на замор ги стигнуваат и пред ручекот.
Поголемиот дел од овие задачи делуваат како мали, но кога ќе погледнете, целиот ден на една мајка е исполнет со работи кои мораат да се завршат. Затоа не е изненадувачко што многу жени бараат трикови и совети кои ќе им помогнат во текот на денот.
