Овој сладолед ќе ве освежи, заслади и воодушеви бидејќи лесно се подготвува и е повеќе од неопходен за ова лето.
Потребни состојки:
3 зрели праски, излупени и исецкани на коцки
1/4 шолја мед
2 и половина шолји грчки јогурт
Испасирајте ги праските во блендер, додадете го медот и јогуртот и уште еднаш уклучете го блендерот за да се соединат сите состојки. Истурете ја смесата во машина за сладолед и оставете ја да работи 25-30 минути. Ако немате машина за сладолед, смесата ставете ја во пластичен сад, ставете го во замрзнувач и на секои 15 минути извадете го и измешајте добро со лажица за матење.
