Новата невестинска колекција на Anna Campbell се одликува со преубава чипка и декадентни сребрени и бисерни везови. Колекцијата Spirit е олицетворение на карактеристичната естетика на Anna Campbell –инспирација од извонредниот винтиџ луксуз.
Според Ана, колекцијата “Spirit” (Дух) е инспирирана од идејата дека духот на невестата е она што сјае најмногу од сè на нејзината венчавка: “На тој начин се покажува љубовта на невестата и нејзината внатрешна убавина, и затоа е дизајнирана и оваа колекција – за да ја слави таа љубов.

















