Мојата кујна

Посна супа од зеленчук

Состојки:

– Вода 1 литар

– Морков 1-2 парчиња

– Целер 1-2 гранчиња

– Пашканат 1-2 парчиња

– Лук 1 -2 малечки парчиња

– Грашок 1 шака

– Сол 1 лажичка

– Вегета 1 лажичка

– Масло 1 лажица

– Посно фиде 1-2 чаши

– Праз 1 шака

– Компир 1

Начин на подготовка:

Ставете го маслото во сад, а потоа ставете ги (сецкани на коцки) сите зеленчуци само малку да се испржат, морковот пушти боја, а лукот да замириса, па ставете ја водата и варете околу 20 минути. Додадете сол и зачини по желба. Кога зеленчукот ќе биде готов, додадете го фидето и продолжете со варење.

Напомена:

Може да се користи и микс од зеленчук, само не заборавајте да додадете пашканат и праз.

Write A Comment