Сите толку очајно сакаме сексот да биде совршен како на филм, но вистината е дека тоа понекогаш не е така. Сепак, најголемата пречка за идеален секс може да се најде во нашата глава.
Еве неколку причини како лошите умови можат да остават лош впечаток во кревет.
- Вие сте сосема несигурни
Освен ако навистина сакате да ги види вашите мани, не потенцирајте какви се вашите гради, големината на вашиот стомак како и целулитот по вашите нозе и задник.
Дозволете му да го сака вашето тело. Ако вам не ви се допаѓа, не значи дека нему не му се допаѓа. Вистината е дека најверојатно нема да ги види вашите недостатоци, освен доколку не го принудите. Значи, престанете со чувство за самосожалување и дека имате одвратно тело, веднаш престанете да му кажувате дека тој заслужува поубава девојка и се ќе биде во ред. Инаку, како може да очекувате за него да бидете секси девојка која постојано нагласувате дека тоа не сте!
- Вие сте опседнати со своите недостатоци
Тешко е да се најде жена која е сосема задоволна со своето тело. Сите дами имаат недостатоци, а најлошото нешто е кога ќе станат опсесија. Бидејќи вие не можете да престанете да размислувате за недостатоците, најдобро е да се води љубов во средина која тие не ги истакнува. Ова значи затемнети светла, секси долна облека што ги истакнува облините на најдобар можен начин, па дури и со врзани очи на партнерот ако е потребно. Овие, се разбира, се краткорочни решенија, но можат да помогнат.
- Едноставно не ви е до секс
Одговорот е едноставен – ви треба повеќе возбуда! Кога девојката е многу возбудена, таа не размислува за мали работи, како што е целулитот и масни наслаги, целосно е опуштена и ужива во сексот. Добра идеја е да се врзат очите и само да се ужива во чувството. Заборавете за она што вашиот партнер сака неколку моменти и целосно препуштете се на уживањето.
- Ја одбивате неговата блискост
Интимност, физички и емоционални врски се суштинска компонента на секоја врска. Ако го лишите од интимност како некој вид на казна, и само повремено го почестувате со сензуален допир кога тој бил “добро момче”, тогаш не можете да очекувате неверојатен секс. Блискоста е потребна да се задржи во врската за да функционира нормално и не треба да се гледа како алатка за казнување.
