Потребни состојки за подготвување на антивирусната бомба:
– 2 помали и 1 поголем лимон со корa
– 200 ml природен мед
– 1 среден корен ѓумбир
– стаклена тегла
Лимонот измијте го, ѓумбирот исушете го. Исецкајте го на ситни парчиња. Измелете ги во блендер или со миксер. Додајте го медот и промешајте. Смесата ставете ја во чиста тегла и поклопете ја со поклопец. Чувајте ја во фрижидер.
Можете да земате по 1 лажица и повеќе дневно, а деца до 1 лажица дневно. Исто така, можете да си ставате во чај или други топли пијалоци. Многу е вкусен, а што е најважно – здрав е. Направете го уште денес и зајакнете го имунитетот.
