Породилното отсуство помина, време е да се вратите на работа. Меѓутоа, ако немате сигурен човек на кој можете да го оставите детето за нега, немате многу опции освен градинка. Се разбира, одлуката не е лесна, а одвојување на детето од неговата мајка и неговиот простор може да биде многу тешко.Во статијата може да прочитате неколку совети за тоа како да го олесните одењето на детето во градинка.
Пред да одите да го носите детето во градинка секој ден кажуваjте му дека тоа е место каде што децата си играат и како таму е навистина интересено. Објаснете му на детето што се се работи во градинка и како таму децата поминуваат извесно време. Полека започнете дома да правите активности кои се прават во градинка. Одредете го времето кога е појадок, ручек, вечера, време да се игра, да се спие, да се гледаат цртани филмови. Така полесно детето останува во градинка, затоа што веќе ќе се навикне на таков ритам. Полека научете го детето да оди во тоалет, да јаде од чинија и да пие од чаша.
Секој ден прошетајте со детето до одредено место или парк, каде има деца , па тоа ќе си игра со нив и ќе сфати колку децата се забавуваат. Пред целосно да оди во градинка, на почетокот носете го по неколку часа, а потоа тоа време постепено зголемувајте го. Вашето дете со себе нека носи играчка или предмет кој ќе му биде утеха кога ќе сфати дека вас ве нема. Секогаш водете сметка да не го плашите детето со градинка, затоа што на тој начин ќе постигнеме само никогаш да не сака да оди таму.
