Потребни состојки:
- 1кг лигњи
- 2 лажици презла
- 1 лажица магдонос, ситно сецкан
- 2 лажици рендан пармезан
- 100гр моцарела
- 2 чениња лук
- 2 лажици вегета
- 70мл маслиново масло
Начин на одготовка:
Исчистените лигњи ставете ги на хартија за печење да се исушат, потоа исечете ги на парчиња и помешајте ги со лебни трошки, магдонос, моцарела (исецкана на парчиња), пармезан, сецкан лук, вегета и 50мл маслиново масло. Со оваа смеса наполнете ги лигњите, премачкајте ја тавата со останатото масло и печете околу 10 минути.
