Дуплексот Пентхаус на плоштадот на Обединети Нации е ставен на маркетот по цена од неверојатни 70 милиони долари.
Она што овој дуплекс го прави толку посебен, покрај неговите 4 спални соби е и сопствениот загреан базен, со поглед на реката и центарот на Менхетн. Сепак, тој е сместен на 42 и 43 кат на висококатницата на Менхетн, а покрај спалните соби има и одвоени соби за послуга, северно свртена тераса, спирални скали и бројни елегантни елементи. Овој стан има и свој приватен лифт и одвоени скалила.
Базенот на овој дуплекс е опкружен со платформа од ипе дрвото и до него може да се дојде од главната спална соба или од собата за забава во која е сместен каминот на гас и мала кетеринг кујна. Главниот апартман има 2 купатила а едното од нив има када која е свртена накај Ист Ривер. По желба на потенцијалниот купувач, за 100 милиони долари, овој пентхаус може да биде комбиниран со стан на понизок кат во кој се зазема цело ниво.






