Иако “силиконски усни” сеуште се во тренд, сега постои уште побизарен начин на кој жените можат да се “разубавуваат”.
Станува збор за вид на трајна шминка која ги зголемува усните, така што со една инвестиција можете да добиете многу и слободно можете да го заборавите ружот дома.
Се изначитавме насекаде за трајна шминка и хоророт со истетовираните веѓи, а оваа нова техника ви овозможува дури да го менувате и обликот на устата.
На клиентките им се овозможува сами да го креираат својот изглед, големина, па дури и боја, а моментално се достапни неколку розови нијанси.
Жените кои постојано сакаат да се шминкаат ова сигурно ќе им се допадне, а уредничката на Австралијанскиот Космополитен јавно го подржа овој начин тврдејќи дека е подобар од останатите.
Оваа техника не е болна, а последиците од неa исчезнуваат по две недели од користење на третманот.
Освен корекцијата што треба да се прави на секои три години, овој ефект може да трае и до 10 години.




