Мојата кујна

Необичен вкус кој ќе ве воодушеви, ваква сангрија не сте пробале

Ако сте во потрага по совршено летно освежување, оваа сангрија би можела да биде вистинскиот избор за вас. Необичен рецепт за познатиот пијалок за кој потребно е малку време да се подготви, но веруваме дека ќе ве воодушеви.

Вака припремена сангрија може да биде совршен избор за попладневно освежување како и за летни журки. Еве како да ја спремите.

Потребно е: 1 шише суво бело вино, 1 мала чинија ситно сецкана диња, ¼ сецкани краставица на парчиња или делови без семки, плус неколку парчиња од краставица за декорација, ½ лимон, 4 листови од нане, ако сакате, додадете малку сируп од лимон и една чаша газирана вода.

Подготовка: Измешајте ги сите состојки освен газираната вода во бокал. Оставете да се излади во фрижидер од 3 до 4 часа, но по 30 минути отстранете ги нане лисјата.

Ако сакате, истурете коцки мраз во чаша, па додадете ја сангријата. Истурете малку газирана вода и украсете со парчиња краставица и лимета. Од оваа количина може да се добиат 6 чаши сангрија.

Write A Comment