Art & Crafts

Направете оригинални чаши со мермер шара (“marble” техника)

Сигурно ви е позната техниката за украсување на нокти со помош на вода – “marble” ефект.

Освен на нокти оваа техника може да ја примените и во разни други креативни цели, денес ќе ви презентираме една од нив.

Многу е едноставно, а може да биде и одличен подарок за драга личност.

Потребен материјал:

  • Бела чаша
  • лакови за нокти (по ваш избор)
  • вода со собна температура
  • чепкалки за заби

Инструкции:

Ставете вода во сад, потоа капнете малку лак за нокти, може во неколку различни бои, во зависност од она што ви се допаѓа. Поминете со чепкалка неколку пати во водата за да се создадат уникатни шари. Потоа ставете ја чашата во водата. Бојата ќе се разлее по површината на чашата. Оставете да се исуши. И тоа е тоа!

Write A Comment