Возењето велосипед игра важна улога во растот и развојот на децата. Освен што им помага физички да зацврснат, возењето велосипед има клучна улога и во менталниот и емоционалниот развој. Единствена задача на родителите е да создадат атмосфера во која децата ќе истражуваат.
Lifehack одвои неколку причини за тоа како возењето велосипед влијае кај дечињата:
1. Со возењето велосипед децата минуваат повеќе време надвор
Времето минато во надворешни услови е одлично за детето. Свежиот воздух, сончевата светлина, трошењето енергија ќе овозможат навечер децата веднаш да заспијат. Колку подобар сон имаат толку ќе бидат поздрави и нивното тело повеќе ќе може да расте.
Возењето велосипед ќе им помогне да се чувствуваат удобно во опкружувањето. Вие само треба да се погрижете во секое време да бидат подготвени за возење со добра заштитна опрема.
2. Носењето опрема за велосипед ги заштитува децата
Облеката за возење велосипед за деца е поразлична отколку на возрасните. Децата почесто паѓаат, така што за нив е потребна поголема заштита при возење велосипед. Особено можат да настрадаат главата, колената и лактите. Поголем дел од облеката за возење велосипед има заштитен дел кој е наменет за безбедност при возењето. Токму тоа ќе ги научи повеќе да внимаваат на личната безбедност.
3. Возењето велосипед има емоционални бенефиции за децата
Освен што ќе ја зголеми самодовербата кај нив, им дозволува да бидат посвесни за своето тело. Колку повеќе ќе можат да возат толку поудобно ќе се чувствуваат во соседството и ќе имаат комуникација со повеќе луѓе. Токму тоа ќе им ја зголеми самодовербата, особено кога ќе се најдат во ситуација кога ќе се почувствуваат несигурни.
4. Здравствените бенефиции од возење велосипед
Возењето велосипед ќе им овозможи на децата да бидат во добра кондиција. Телото ќе им зацврсти, ќе ја зголемат мускулната маса. Колку повеќе се поактивни, толку помала е веројатноста дека ќе јадат брза или калорична храна. Ќе бидат во добра форма и ќе можат да практикуваат и други спортови.
Децата секогаш првин го следат примерот на своите родители, колку нивните родители се активни толку ќе бидат и децата. Искачувањето планина, возењето велосипед, пливањето и сличните активности се само дел од тоа што можат родителите и децата заеднички да ги прават надвор од домот и секојдневието.
