Очигледно е дека постојат многу начини на кои можете да се усрамите кога сте во туѓа држава, па затоа треба на ум да се имаат на ум неколку работи пред да тргнете на пат.
Странски јазик
Научете неколку фрази на јазикот од државата која ја посетувате, верувајте ќе ви се најдат. Имено Французите, за разлика од Италијанците, не се откажуваат лесно од комуницирање на својот јазик и не преминуваат во комуницирање од француски на англиски јазик.
Не запишувајте во Кина
Во Кина фотографирате колку што сакате, но избегнувајте да запишувате белешки. Со оглед на историјата и ограничената слобода на медиумите во оваа земја, водењето на белешки ќе ве донесе во непријатна ситуација.
Турканиците во Кина
Во пренаселената Кина луѓето ќе ве туркаат, од баби па се до мали деца. Но тоа воопшто не е намерно и не претставува агресивен чин и ќе направите вистинска грешка доколку возвратите со тепање или почнете да се расправате.
Најдобар начин е да се опуштите и да оставите да ве носи масата, а луѓето околу вас се ретко толку енергични за да ви нанесат вистинска физичка болка.
Негодување
Ако во хотел добиете лоша соба и сакате да ја промените, имајте конкретен и јасен приговор и користете конкретни зборови кои ќе ве упатат кон тоа што го сакате. Ако имате барем една логичка причина зошто го барате тоа, хотелот ќе ви ја исполни желбата, 100%.
Не носите ситно
Во некои земји едноставно не враќаат ситни пари, посебно ако плаќате сметка со голема банкнота. Но од друга страна, ситните пари секогаш е добро да ги имате во рака, за во јавни тоалети, станици, музеи и галерии каде некултурно е ако и таму отидете со банкнота од 200 евра.
