Здраво тело

Неколку вистини и заблуди за белиот леб

Лебот е една од основните намирници без кои човекот тешко го замсилува своето секојдневие. Меѓутоа, во последно време многу често слушаме дека лебот не е добар за нас и дека треба да го практикуваме црниот леб бидејќи белиот не е добар за нашето здравје.

Она по што се разликува белиот леб од црниот е тоа што белиот леб има неутрален вкус. Тој се прави од избрани зрна на кои им е отстранета лушпата која содржи многу влакна и протеини. Но, ако вие внесувате доволно различна храна тогаш нема зошто да ве плаши да јадете бел леб.

Најголем проблем кај белиот леб е тоа што тој има висок гликемиски индекс кој пребрзо ја испушта енергијата, па така се покачува нивото на шеќер во крвта. Тоа може да придонесе за појава на дијабетес. Затоа ако почувствувате недостаток на енергија најдобро е да го јадете околу 16 часот, кога телото го совладува умор.

Нутриционистите велат дека ни црниот леб не е толку добар како што се зборува за него. Тој може да ги влоши симптомите на надразнетите црева.

Белиот леб се препорачува да се јаде за појадок, затоа што го забрзува метаболизмот.

Нутриционистите строго го забрануваат смрзнувањето на лебот. Тоа ја менува и ја отежнува нивната структура што дополнително ја отежнува работата на цревата.

Write A Comment