За да одржите убавината и свежината на Вашето лице, потребно редовно да ја отстранувате шминката на крајот на денот пред спиење. На пазарот постојат голем број на препарати за отстранување на шминка со состојки кои можете да ги најдете во Вашиот фрижидер…
Млеко
Ефикасна намирница со чија помош лесно ќе ја отстраните шминката на крајот на денот. Витамините и протеините во млекото ќе ја направат вашата кожа мека и свилена. Секоја вечер исчистете го лицето со парче вата натопена во млеко и потоа исперете го лицето со ладна вода. Доколку имате проблематична кожа во млекото додадете малку чај од нане.
Јогурт
Јогуртот можете да го користите за отстранување на шминка доколку имате осетлива кожа. Парче вата натопете го во јогурт и нежно истрлајте го лицето. Ефектот е свилена, сјајна и мека кожа.
Маслиново масло
Направете мешавина од рицинусово и маслиново масло. На овој начин ќе ја отстраните и водоотпорната маскара, витамините А и Е ќе ги ублажат подочниците.
Сок од краставица
Оваа течност можете да ја употребите во 2 цели. Првата цел е детално чистење и отсранување на шминката, а втората цел е користењето како тоник за лице.
