Тоа што секоја модерна жена треба да го знае е дека ова зима повторно се во мода чизмите до колена и дека се вистински моден хит за ова есен и зима. Дали веќе имате некој таков омилен модел?
Ако никако не сте можеле да ги прифатите чизмите над колена, а не ви се баш многу омилени ни кратките до глуждот, можеби би го прифатиле модерниот изглед на чизмите до колена кои всушност и ќе го одбележат модерниот изглед за ова есен – зима 2011 – 2012, а станува збор за чизмите до колена кои ги преплавија модните писти.
На познатите модни збиднувања низ светот, на пистите продефилираа моделите кои носеа чизми до колена во различни варијанти. Многумина од дизајнерите предложиле идеални решенија кои со сигурност лесно ќе ги прифатите.

Чизмите до колена одлично би изгледале во комбинација со сукна, со хеланки како и со подолги и пократки фустани од кашмир. Есента и зимата во стилот на шеесеттите на модните писти го донесоа дизајнерите од Yves Saint Laurent и Pradо, а чизмите до колена совршено се вклопија во тоа издание давајќи свој печат на севкупниот изглед. Тие се еднобојни, со полна петица, елегантни и други…

Ако ова зима си дозволете да купете само две нови работи, нека бидат тоа чизми до колена и убав капут до над колена и нема да погрешите.

