ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 100 г темно чоколадо (исечкано на парчиња)
* 100 г млечно чоколадо (исечкано на парчиња)
* 180 мл слатка павлака
* 2 јајца
* 2 супени лажици шеќер во прав
* неколку вишни со сок (од компот)
* малку слатка павлака (за декорација)
* малку темно чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка, а потоа оставете го малку да се олади.
Со миксер изматете ја слатката павлака, но немојте да ја матите премногу, таа не треба да биде премногу цврста.
Изматете ги жолчките и додадете ги во чоколадната смеса заедно со половина од слатката павлака.
Изматете ги белките со шеќерот и додадете ги во чоколадната смеса заедно со друата половина од слатката павлака. Оставете ја смесата да се олади неколку часа во фрижидер.
Пред да го послужите мусот, ставете ја чоколадната смеса, одозгора полека сипете 1 лажица од сокот од вишни, па ставете уште малку иаматена слатка павлака. На врвот ставете неколку вишни и посипете со рендано чоколадо.
