Чувството на пеперутки,што децата обично го добиваат на отприлика осум години, помалку или повеќе, за било кого, е многу важен момент. Тоа покажува дека учат за различните видови на љубов, кои не се само за нивното семејство, и дека се поразлични од тие семејни емоции, вели д-р. Глен Џозеф Кашурба, психијатар од Сомерсет во Пенсилванија. Може да ви се чинат силни, но „заљубувањата“ најчесто се невини и симпатични. Како да се однесувате во ваквите ситуации?
Останете прибрани. Оставете го да ви објасни што за него значи „состанување“ или пак „дечко/девојка“. Ќе откриете дека неговото размислување на овие теми не е толку сериозно колку што сте си замислувале.
Не заморувајте ги и не задевајте ги. Вашето дете можеби не сака да зборува за тоа. Ако реши да сподели некои детали, само сослушајте го, не попувајте и не држете му лекции за тоа како треба да постапува, освен ако не ве замоли за совет. Во тој случај кратко и концизно одговорете му и не збунувајте го дополнително. Не бидете изненадени, ако не ви се доверува кога вие везден го задевате за тоа.
Поставете лимити на состанувањето. Може да кажете, прекрасно е тоа што ти и Марко се сложувате, меѓутоа премногу сте мали за да излегувате насамо. Ајде договорете се и со други другарчиња, а јас ќе ве однесам сите на кино или пак во некој ресторан за брза храна.
Пробајте со малку емпатија. Раскажете му за првото ваше заљубување и кажете му дека првото излегување на состанок ќе биде мил спомен што ќе го прераскажува, исто какои вие пред малку, до крајот на животот.
