Здраво тело

6 причини за нередовен месечен циклус

Освен ако не се трудите да забремените редовниот месечен циклус е и благослов и проклетство. Од една страна се грчевите, подуеноста и промена на расположението, а од друга страна не сте бремени. Изостанокот на месечниот циклус кога не сте бремени може да ве загрижи, а постојат повеќе фактори кои влијаат на истото.

Прекумерна физичка активност

Ако вашата телесна маса нагло се спуштила тоа може да влијае на месечниот циклус. Сериозните заболувања како анорексија и булимија можатда предизвикаат нередовен месечен циклус како и прекумерното вежбање.

Стрес

Аменореја на хипоталамусот звучи застрашувачки, затоа што хипоталамусот е место во кои се регулират поголемиот дел од хормоните поврзани со месечниот циклус. Хипоталамусот е под големо влијание на стресот. Доколку се соочувате со голем животен предизвик, смртен случај, раскинување или други стресни ситуации,може да имате проблеми со месечниот циклус.

Синдром на полицистични јајници

Ова е хормонска нерамнотежа која се сведува на недостаток на овулација со што има промени во нивото на естроген, прогестерон и тестостерон. Синдромот на полицистичнјајници може да предизвика нередовен циклус.

Контрацептивни пилули

Изостанокт на месечен циклус може да биде безопасна нуспојава од антибеби пилулите.

Прерана менопауза

Ова најчето им се случува на жените во триесетите години од животот, а покрај изостанокот на месечен циклус најчести симптоми се ноќно потење и вагинална сувост.

Write A Comment