Очилата за сонце не само што се потреба, туку изминативе неколку години се и водечки тренд за привлекување на внимание и надополнување на модната комбинација.
Досега во мода беа авијатичарките, мачкестите и претерано големите коцкести очила, а сега на ред дојдоа округлите рамки.
Тие до скоро беа симбол на бохо и хипи стилот, но од ова лето се задолжителен аксесоар на секоја урбана девојка.
Ако сакате да експериментирате, обожавате новитети и екстремно впечатливи очила, тогаш имаме неколку предлози за вас:








