1. Избегнувајте ја основата за лакот
Основата која се нанесува под лакот за нокти всушност е беcкорисна. Освен што е преполна со хемикалии, таа нема ни да го задржи лакот на вашите нокти. Подгответе го ноктот така што памукот ќе го натопите во алкохол и ќе го пребришете ноктот, постапката повторете ja со сув памук и така ќе ја отстраните маснотијата и нечистотијата од ноктите.
2. Одберете ја вистинската турпија за нокти
Жените многу често користат погрешна турпија. Обично турпиите што можеме да ги најдеме во несесерот најчесто се премногу груби и можат да го оштетат ноктот. Користете помека и поблага турпија која нема да предизвика напукнување на ноктот.
3. Намачкајте ја кожата и ноктите
Добро разгледајте ја кожата околу ноктите. Ако е сува и тврда значи дека многу лесно може да дојде до напукнување на кожата. Дозволете си да ги негувате вашите нокти и кожа онака како што треба. Намачкајте ги ноктите и кожата со маслиново масло и тие ќе ви бидат многу благодарни.
4. Правилно нанесете лак
Извадете го апликаторот, исцедете го на работ од лакот и четкичката е подготвена за лакирање на нокти?! Не не, тоа не оди така.
Ако сакате уредни нокти пробајте вака: Пред да почнете да се лакирате, исцедете ја четкичката од сите страни неколку пати се додека не добие изедначен изглед. Потоа со самиот врв на четкичката направете три долги чекори (левата страна, десната страна, па во средина) и налакирајте го ноктот.
