ПОТРБНИ СОСТОЈКИ:
за тесто
* 100 гр рендана салама (пилешки гради)
* 100 гр рендано бело сирење
* 1 јајце
* 100 мл јогурт
* по вкус (1/2 мала лажичка) сол
* 1/2 кесичка ( 6 гр) пециво
* 250-300 гр брашно
* 1 голема лажица масло
* по потреба масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во подлабок сад разматете го јајцето со жица за матење. Додајте го прашокот за пециво, сол, јогурт и една лажица масло. Промешајте кратко да се изедначи смесата. Во садот додајте ги претходно изренданата салама ( јас користев пилешки гради) и бело сирење. Додајте го и постепено брашното.
Замесете со рака тесто. Расучете го во кора со дебелина од 8-10 мм и сечете триаголници со големина по желба. Пржете ги триаголниците на умерен оган додека да заруменат од двете страни. Како прилог можете да искористите различни намази и макала. Јас овој пат ги комбинирав со макало од кисела павлака со малку лук, копар и маслиново масло. Супер брзо и вкусно. И подизладени си останаа со крцкава коричка и мека внатрешност.
