Некои хранливи продукти, како што се млекото или мултивитаминските препарати што ги консумираме секојдневно, можат да го намалат дејството на лекот, па дури и да го направат штетен. Затоа консултирајте се со лекарот за потенцијално-штетната интеракција на лековите и другите супстанции што ги внесувате во организмот. Ви наведуваме три ризични комбинации:
Кантарион и пилули за контрацепција. Оваа билка како и одредени антибиотици (диоксициклин), можат да го стимулираат ензимите на црниот дроб и така да го забрзаат метаболизмот на оралните контрацепциски средства со што се намалува нивната концентрација во крвта.
Млечни производи и антибиотици. Калциумот од млечните производи заедно со минералите како што се цинк, магнезиум и алуминиум, кои се наоѓаат во мултивитаминските препарати, може да го блокира дејството на одредени антибиотици (ципрофлоксацин) и да ја спречи нивната апсорпција во организмот.
Гинко-билоба и аспирин. Оваа билка и аспиринот ги истенчуваат крвните садови. Консумирањето на големи количества од овие супстанции може да предизвика интерстинални крварења.
ФАКТ Многу жени се алергични на одредени метали (сребро, злато, бакар). Но најголем предизвикувач на алергиските реакции, а се наоѓа во накитот е никелот.
