Дестинации

Дел од рајот-Куба

Доколку некогаш сте посакале да ја посетите Куба, а сте го промениле вашето мислење, фрлете поглед кон оваа убавина, и ве уверувамe дека веќе следниот миг ќе ги подготвувате вашите патнички чанти.

Хотелот наречен Парадисус Рио Де Оро, се наоѓа во градот Гвардалаваца, дел од провинцијата Холгун во Куба. Овој фасцинантен објект е издигнат на една од постоечките четири плажи во Гвардалаваца, односно на магичните песоци на Плажата Есмералда.

Убавината што привлекува, и што се издвојува од другите плажи во светот, е белината на песокот на овие плажи.

Парадисус Рио Де Оро располага со секаков вид спорт на вода и под вода. Се одржуваат таканаречени екскурзии под вода, односно љубителите на нуркањето се восхитуваат на умешноста на природата разгледувајќи ги коралните гребени.

Хотелот Рио Де Оро поседува и ново отворен, сопствен Спа центар, оддалечен од самиот хотел, но блиску до брегот кој располага со висококвалитетни третмани.

Нивото на услуги на овој хотел е по нов, највисок стандард, и е меѓу најдобрите на истиот остров. Послугата се грижи за потребите на посетителите, а тие пак секогаш се максимално релаксирани, и уживаат во секој миг во овој хотел, но зошто и да не, нели?

Со сигурност ве заинтересира изгледот после вакви пофалби. Уживајте!

Write A Comment