Овој пат ќе ви дадеме лесен и едноставен рецепт кој ќе го промени вашето постојано мени за вечера
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 4 главици кромид, исечени на полумесечинки
- 2 лажички путер
- 230 гр мек кашкавал (фонтина), изрендан
- 230 гр гриер, изрендан
- 1 векна француски багет, исечен на парчиња
- путер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во мало тенџерче ставете го путерот да се растопи на средна температура. Потоа, ставете го кромидот, посолете го и оставете да се карамелизира, повремено мешајќи го. Земете две парчиња леб и намачкајте ги со путер. На едната кришка леб ставете од мекиот кашкавал, а на другата ставете од карамелизираниот кромид. Врз кромидот, ставете гриер, преклопете го сендвичот, намачкајте го и од надворешната страна со путер. На овој начин подгответе ги сите парчиња леб во сендвич. Готовите сендвичи пржете ги во тефлонска тава, намачкана со малку путер и загреана на средна температура, убаво од сите страни додека да добие златно-жолта боја.
