Ви претставуваме неколку нешта, кои би требало да ги знаат припадниците на посилниот пол кога се впуштаат во брак… доколку сакаат да биде успешен !!!
1. Тоа е голема работа – Велат дека промената не е толку драматична, како што изгледа. Велат и дека доколку сте живееле претходно со девојка, веќе знаете како е, но лажат…
2. Немате поим во што се впуштате – Бидејќи нема само да ја ожените Вашата сакана жена… Ќе ја ожените и тоа може да трае пет, десет… четириесет години… Ќе ја ожените кога ќе ја изгуби работата, кога ќе биде во депресија и кога повторно ќе заспие со децата додека ја чекате заедно да гледате филм. Истото важи и за неа, со Вас…. само многу повеќе !!!
3. Пет работи што никогаш не смеете да ѝ ги кажете:
А) Да употребите пцовка
Б) „ Ти не си ми мајка“
В) „ А? “ – укажува дека не сте ја слушале додека зборува
Г) „ Па, ги видовме твоите родители минатиот месец, зар не ?“
Д) „ Дојди ваму. Дај да те гушнам “ ( кога е бесна )
4. Конечно ( ако имате среќа ) ќе се научите да памтите детаљи – Тоа што ќе се научите да ги забележувате ситниците кои Вашата жена ги сака, ќе ја направи неизмерно среќна. Вие само ќе бидете сведоци на огромното задоволство – да се има среќна жена !!!
5.После некое време, да кажеме седум години, ќе забележите дека не сте стекнале ниту еден нов пријател – Ако сте среќни и ја сакате, тоа не е ни важно. Меѓутоа, ризикувате да станете депресивни, тивки, повлечени, намуртени, осамени и по малку здебелени, а најверојатно ќе ги презирате нејзините пријатели.
6. Научете дека нејзините чувства се вистински – Од време на време ќе мислите дека Вашата сопруга е луда. Клучно е никогаш да не ѝ кажете дека е луда, односно да престанете тоа да го мислите. Однесувајте се кон неа, како нејзините ирационални чувства, да се рационални, бидејќи таа така ги доживува. Така ќе го покажете Вашето сочувство, а бракот е еден од начините за да научиме што всушност тоа значи.
