Грашокот е идеална храна која поседува витамини: А, Ц, К, Б1, Б2, Б3, Б6 и седум минерали: манган, магнезиум, железо, бакар, цинк, калиум, фосфор, а содржи и белковини.
Грашкот има неколку заслуги за доброто здравје меѓу кои се: штити од болести на срцето, и штити од ризикот за рак на простата. Се верува дека грашокот одлично ќе ве опушти после стресен и напорен ден. Овие зрнца имаат магична моќ во однос на соборување на стресот и нервозата.
Затоа се препорачува на секој маж да конзумира барем еднаш неделно грашок. А освен тоа, во арапскиот свет постои верување дека грашокот е афродизијак.
