Motherhood

Како да го научите детето да ги вреднува парите?

Иако тоа не сакаме да го признаеме, парите се многу важни за живот и затоа е неопходно на време да им ја објасните на малите деца нивната вредност – пред се, поради тоа што детето ќе биде поблагодарно и ќе го почитува секој, макар и најситниот, подарок, а ќе бидете сигурни и дека, како што правеле многу девојчиња и момчиња, вашето дете нема да ги користи парите како играчка.

На мал број луѓе им се случило, во текот на купувањето, нивните деца да заплачат поради нешто што сакаат да го добијат. Ваквите деца во своите тинејџерски години често ќе го потрошат својот џепарлак истиот ден кога ќе го добијат, бидејќи на време не научиле колку парите се важни и како со нив да ракуваат одговорно.

Дознајте на кој начин можете да му помогнете на своето дете да ја препознае вредноста на ова парче хартија и да постапува разумно кога ги има.

ОДГОВОРНОСТ

Колку порано ќе почнете со објаснувањето на вредноста на парите и напорот со кој тие се заработени, толку побрзо детето ќе сфати дека тие не паднале од небото. Затоа подарете му на своето дете касичка – прасе и посоветувајте го да ја става секоја пара која продавачот ќе му ја врати како кусур или парите што ќе ги добие од баба му во неа. Кога конечно ќе ја скршите или отворите касичката, одете со детето во шопинг и кажете му да си купи што ќе посака. Гордоста која детето ќе ја почувствува кога со парите кои сам ги собрал сам ќе си го одбере подарокот и ќе ја плати новата играчка ќе биде доволна да му создаде јасна претстава за вредноста на парите.

ТРЕНИНГ

Психолозите сметаат дека е важно на време да обрнете внимание на тоа колку детето ќе го цени трудот вложен во заработувањето на парите и дали со леснотија ги троши. Ако забележите дали вашето дете изело пет колачи, сигурно на некој начин ќе реагирате бидејќи знаете дека со тоа му штети на своето здравје, потсетуваат тие. Истото важи и за претерувањето во трошењето – детето нема да научи што е добро, а што не е, ако не го потсетувате редовно дека треба да размислува за тоа дали може се да се постигне. Психолозите препорачуваат на своите деца да им направите план за трошење на играчките, слатките и план за штедење.

БУДЕЊЕ НА СОЧУВСТВИТЕЛНОСТ

Доколку сте во можност, издвојте одредена сума која ќе му ја дадете на детето со предлог да ја донира во хуманитарни цели. Таа сума не мора да биде голема и можете, во текот на шетањето, да извадите една пара и да му ја пружите на своето дете да ја спушти во кутијата на уличниот свирач. Ако сте пак во можност да донирате и повеќе, соопштете му на своето дете колку играчки, храна и облека неговите врсници од домовите за незгрижени деца ќе добијат, потоа колку шишиња бебињата во породилиштата ќе добијат благодарение на таа помош и замолете го да избере институција која заедно ќе ја израдувате. Потсетете го дека не се сите среќни како него и дека на некои деца им треба само мала помош за да бидат среќни.

ОЧЕКУВАЈТЕ ГРЕШКИ

Повеќето стручњаци се сложуваат дека е нормално децата да прават грешки при ракувањето со парите. Сепак, доколку детето се покае и рече: „Не требаше да ја купам оваа играчка, веќе ми здодеа, сега би имал пари за чоколада“, значи дека е на добар пат.

Потстете го тогаш да го има тоа на ум следниот пат кога нешто ќе посака и да донесува помудри одлуки кога наредниот пат ќе добие џепарлак. Наместо разговор кој се сведува на вашите објаснувања, одберете пријателски разговор за вредноста на парите и за тоа каква последица има секоја одлука при купувањето.

Write A Comment