Убавина

Антицелулитна диета

Постојат методи и диети кои можат да ви помогнат во борбата против целулитот.

Антицелулитната диета се заснова на разновидните и богати вкусови, а резултатите се гледаат многу брзо. Антицелулитната диета е одлична бидејќи помага при слабеење на оние места каде што тоа е најпотребно.

Внесот на калории се ограничува на 1200 дневно, а слабеењето не е довлоно за да се ослободите од целулитот, затоа што него можете да го победите со одредени видови намирници и со телесна активност.

Постојат три елементи кои треба да ги внесувате во организмот, а тоа се калиум, витамин „Ц“ и сумпор. Сите тие помагаат да ги отстраните штетните материи кои придонесуваат до појава на целулит. Сумпорот можете да го најдете во намирниците како што се месото, рибата, јајцата, млекото и сирењето.

Калиумот го има во доматите, компирот, млекото и житарките. Витаминот „Ц“ кој помага во производството на колаген го има во јагодите, цитрусите, брокулата и останатиот зелен зеленчук.

1 Ден
Првиот ден за појадок испијте чаша јогурт, една мала лажица мед, овесни снегулки и една кришка леб. За меѓуоброк изберете 40 г.суво овошје. Ручекот започнете го со пилешки гради во сос и ориз.

Следниот меѓуоброк е портокал, а навечер изедете салата со шунка. Додајте 60 г.зелена салата, 50 г.интегрален леб, едно варено јајце и 4 лажици сок од портокал.

2 Ден
Вториот ден може да почнете со вкусно фрапе од 125 г.банана и 150 мл.млеко. Ручекот е време за тестенини во сос од печурки. Искористете 200 г.печурки, лук, 40 г.тестенини, 20 г.мелени ореви и две лажици кисела павлка.

Меѓуоброкот е ист како првиот ден. За вечера изедете салата во која ќе додадете една лажица оцет, 3 лажици сок од портокал и една кришка интегрален леб.

3 Ден
За појадок издете 150 дл.млеко, една лажица овесни снегулки, две лажици мед и 250 г.маргарин. Меѓуоброкот е ист како и првите два дена. Следниот оброк е ручекот кога треба да консумирате супа од зеленчук. За вториот меѓуоброк изедете едно јаболко.

Вечерата нека се состои од салата од пилешко месо и 60 г.марула, 200 г.тиквици, малку сол, бибер и 3 лажици кисела павлака.

4 Ден
За појадок изедете фрапе од 100 г.манго и 150 дл.млеко. Следува меѓуоброк со 40 г.сушено овошје. Комбинација 2 филти риба, 40 г.ориз и 200 мл.супа од зеленчук е добитна комбинација за ручек.

За вториот меѓуоброк изедете интегрално печиво со 20 г.шунка. За вечера јадете интегрално печиво со салата од шампињони.

5 Ден
Наутро изедете едно исечено јаболко со една лажица овесни снегулки и малку сок од лимон. За меѓуоброк 40 г.суво овошје. Ручекот е време за свински врат, половина пиперка, краставица и 50 г.интегрален леб.

Вториот меѓуоброк е половина ананас. Навечер изедете 100 г.варена брокула, 200 г.морков, 250 г.зелена салата, 40 г.интегрален леб, две мали лажици немасна кисела павлака и сок од портокал.

6 Ден
Шестиот ден почнете го со лажица овесни снегулки, киви и јогурт. Следува меѓуоброк со 40 г.суво овошје. За ручек изедете омлет со спанаќ. За меѓуоброк изедете 2 листа салама од мисирка и 50 г.интегрален леб. Навечер издете оброк од соја.

Write A Comment