Ви се чини ли понекогаш дека пробувате да го заштитите детето од целиот свет? Родителите неретко се посебно загрижени кога е во прашање одгледување на женско дете. Загриженоста е уште поголема кај татковците. Покрај тоа што пробувате да му засадите на детето квалитени и ценети карактеристики и се грижите да има свој став и реален поглед на светот, често постојат многу препреки.
Ова се неколку работи кои најмногу ги плашат родителите на девојчињата:
Секстинг– иако го учите детето за комуникацијата на интернет и социјалните мрежи, мнозинството родители се доста загрижени дека нема да можат да го заштитат детето од тоа. Денешните деца растат во многу поразличен свет отколку што тоа било случај кога вие сте растеле и често треба да се држи чекор со сите добри и лоши работи кои ги донесе технологијата во животите на вашите деца. Дури и ако понекогаш излегувате престроги, контролата над онлајн активностите на детето мора да постои.
Дечковци– кај машките деца родителите во прв ред сакаат да ги научат децата да ги почитуваат жените, но кај девојчињата е малку покомплицирано. Родителите, повторно почесто татковците, пробуваат да го заштитат своето девојче и да го одолговлечат моментот на првиот дечко што е можно повеќе.
Престанувате да бидете важни во животот на детето– иако секое дете доаѓа во период од животот во кој дружењето со пријателите е на прво место, вие секогаш ќе останете мама и тато и дајте му време на детето тоа да го свати.
Деца кои ги закачаат – додека момчињата во поголемиот број случаи знаат успешно да се изборат за себе, родителите често се плашат дека девојчињата сепак нема да бидат доволно успешни во тоа. Не се грижете, доколку детето има доволно самодоверба треба да го пуштите само да се справува со вакви предизвици.
