Дестинации

Мал интимен хотел – Six Senses Resorts & Spa

Six Senses Resorts & Spa им помагаат на луѓето да ги добијат заслужените одмори уште од 1995 година. Овој ланец на хотели има 8 ресорт дестинации во азиските пацифички острови и продолжува да се шири во обид да му ја покаже на светот убавината на овие далечни локации. Нивниот најнов ресорт, Six Senses Con Dao, е првиот хотел со 5 ѕвезди во Архипелагот Con Дао кој е карактеристичен по својата чиста природна убавина.

Малиот интимен остров е на краток 45 минутен лет со авион од градот Хо Ши Мин. Ресортот е составен од 50 вили кои лежат на километри долгата, интимна песочна плажа опкружена со бујна шума и прекрасниот Тихи Океан. Посетителите можат да уживаат во холистички спа салони, масажи, јога, па дури и целосни третмани на тело.  Исто така можат да уживаат во прекрасната кујна, нуркањето, бродски екскурзии и природата во своите најдобри изданија, вклучувајќи тури на набљудување птици и мајмуни и без трага од сообраќај, во било кое време!

Write A Comment