Секојдневното пиење на кафе ја намалува можноста за враќање на ракот на дебелото црево и ги зголемува шансите за оздравување, покажаа резултатите на едно американско истражување.
Сите пацинети кои учествувале во студијата имале направено операција и имале примено хемотерапија, поради ракот на дебелото црево. На нив им било препорачано да пијат по четири шолји кафе секој ден (околу 460 милиграми кофеин) и тоа придонело да се намалат шансите за враќање на болеста за 42%.
Во истражуавњето учествувале околу 1000 луѓе, кои требало да ги откријат своите прехранбени навики на почетокот, во текот на хемотерапијата и година дена подоцна.
