Мојата кујна

Пилешки гради со пармезан и лук

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 супени лажици маслиново масло

* 6 чешниња лук

* 1 шолја презла

* 1  шолја рендан пармезан

* 1 малечка лажичка сушен босилек

* ¼  малечка лажичка бибер

* 6 половини исчистени пилешки гради

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Премачкајте ја тавата со масло. Во блендер ставете ги лукот и маслиновото масло и мешајте додека да добиете соединета смеса. Потоа смесата префрлете ја во еден сад. Во друг сад, ставете ги презлата, пармезанот, босилекот и црниот бибер. Секое парче пилешко прво натопете го во садот со маслиново и лук а потоа и во другиот сад. Наредете ги сите пилешки гради во претходно подготвениот сад за печење и печете отприлика 30 минути.

Write A Comment