Мојата кујна

Печен зеленчук во спирала

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 лажици маслиново масло

* 1 кромид

* 2 главици лук

* 2 компири

* 2 тиквици

* 3 домати

* сол, бибер, оригано

* 1/2 шолја пармезан

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пропржете го кромидот на масло за готвење, а при крај додадете го лукот. Тргнете ги од оган и префрлете ги во кружна тава за печење.

Исечете го зеленчукот на крукчиња и наредете го во спирала. Ставете сол, бибер и оригано и печете околу 25 – 30 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. По 30 минути додадете го пармезанот и печете уште 20 минути, односно додека зеленчукот не биде целосно печен.

Write A Comment