Дестинации

4 јапонски закони кои ги шокираат туристите

Јапонија има голем број на обичаи кои се сосема непознати за просечниот странски патник. Сепак, освен обичаите, оваа далечна источна земја има и неколку закони кои се разликуваат од оние на другите земји.

Еве 4 од најизненадувачките закони на Јапонија.

1. Странците мораат постојано да го носат пасошот со себе

Јапонскиот закон ѝ дозволува на полицијата да стопира некого во било кое време со цел да ја види неговата лична карта или друг документ за идентификација. Поради тоа, странците мора постојано да го носат пасошот со себе, за да можат да го докажат својот идентитет. Ако полицијата ве фати без вашиот пасош, може да бидете уапсени.

2. Одредени лекови кои се легални во целиот свет се нелегални во Јапонија

Иако јапонските закони дозволуваат туристите со себе да донесат двомесечни залихи на лек кој ним им е неопходен, а е нелегален во Јапонија, има голем дел на лекарства кои се прилично чести на Запад, а се забранети во Јапонија. Било кој производ кој користи стимулант (псевдоефедрин) е нелегален во оваа земја. Тоа вклучува и апаратчиња за дишење за астматичари и заболени од алергии, како и редовните лекови против синуси.

Може да биде тешко да се сфати кои лекови се легални во Јапонија, бидејќи јапонските конзулати и амбасади во странство немаат комплетна листа на лекови кои се легални и нелегални во Јапонија. Ако носите било каков лек во таа земја, обезбедете си и рецепт од вашиот доктор и писмо во кое е објаснета целта на користењето на тој лек.

3. Пушењето е дозволено речиси во сите ресторани и кафулиња, но не и надвор

До неодамна, пушачите го имаа луксузот да пушат речиси секаде во Јапонија – и внатре и надвор – и со оглед на тоа што таму тутунот е поевтин отколку во другите земји, пушењето отсекогаш било многу застапен порок. Сепак, според Japan Times, според неодамнешните промени во законот е нелегално да се пуши на одредени јавни места. Не само на улица, туку и во ресторани и барови, кои исто како и кај нас, сега имаат посебни делови за пушачи и непушачи.

4. Пиењето сред улица е легално во Јапонија

За разлика од повеќето земји низ светот, во Јапонија е легално да се пие алкохол на јавно место. Има дури и автомати од кои може да се купи пиво или саќе, а традиционалните фестивали на кои се пие на отворен простор, како Ханами пикникот во Токио се неретка појава.

Сепак, ако пиете на улица, во парк или на плажа, добро е да не привлекувате многу внимание и да се однесувате со почит.

 

Write A Comment