Дестинации

Првиот Лего хотел во светот “Леголенд”

Новоотворениот хотел во Флорида е сон на секое дете, а и на секој возрасен кој поминал доста време играјќи си со лего коцки. Коцка по коцка овој „Леголенд” хотел е подготвен за престојување.

Дали во него треба да ја изградите својата соба? За среќа, не. Оваа атракција се наоѓа во Флорида, а посетителите можат да уживаат во целата лего приказна составена од 5.000 мини лего фигури по ѕидовите, а во хотелот има и диско лифт. Британи Вилијамс вели дека луѓето вообичаено резервираат соби за две ноќи, а целиот хотел е веќе резервиран за првите две вечери. Тематските соби во хотелот вклучуваат најразлични авантури, пирати и кралства изградени од коцки.

 

Write A Comment