Здраво тело

Симптомите за рак на дојка не се секогаш исти!

Болка, чворови и промени на брадавиците се знаци кои без сомнеж укажуваат на рак на дојка. Тие се главно познати, но не ги игнорирајте ниту јадежот, црвенилото и дамките на кожата!

Иако грутчињата и болката во пределот на дојките, како и деформацијата на брадавиците, се најчести знаци кои укажуваат на оваа болест, има се повеќе случаи во кои ракот на дојка е откриен врз основа на навидум невини промени на кожата.

Зрнеста текстура, изглед на портокалова кора, набори и задебелувања, јадеж околу брадавиците, исцедок, промени во величината и обликот на дојките, болка во предел на пазувите и проширени, видливи вени – се симптоми кои исто така не смеат да се игнорираат.

Поинакви симптоми од оние вообичаените знаат да бидат поврзани со положбата на ракот, тие никако не значат дека е ситуацијата поблага.

На пример, туморот кој се сместил во каналите на дојката не предизвикува видливи чворчиња кои можете и да ги напипате затоа што болеста се шири преку градната марамица.

Промените на кожата како што се видливите вени упатуваат на рак што ги блокирал крвните жили, додека јадежот околу брадавиците укажува на редок облик на тумор, таканаречена Пагетова болест.

Наведените промени не значат нужно и најлошо можно сценарио, но треба да бидете внимателни.

Write A Comment