Секоја од вас има барем еден пар чевли што веќе не ги носи поради Бог знае која причина. Мене лично брзо ми поминува меракот на се што имам. Оваа идеја е за сите нас што постојано сакаме нешто ново и тежнееме кон тоа да сме уникатни, неповторливи и со стил. Особено пак ако имате чевли со оштетена подпетица и преден дел ова е лекот!

Незнам точно каков препарат користат луѓето од каде што ја позајмивме идејава за лепење на светките. Но јас мислам дека обично лепило би завршило работа, од оние што нема да се исушат додека ги мачкаме.

Следен чекор: се прави нацрт како сакате да изгледаат вашите нови чевли:

со помош на заоблен, флексибилен предмет исцртајте го делот што ќе го лепиме со светки.

На крај обележаниот дел се мачка со лепак и се нанесуваат светки во подебел слој за да не се остави празен простор. Почекајте да се исуши во зависност од препаратот за лепење што ќе го користите и чевлите се спремни за нова авантура!

