ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 150 грама чоколадо
* 50 грама путер
* 150 грама мелени лешници и бадеми
* 2 лажици рум + 2 лажици кафеав шеќер
* 2 лажици рум
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Чоколадото и путерот стопете ги на пареа. Додадете мелени лешници и бадеми и измешајте. Румот и шеќерот загревајте ги додека шеќерот не се растопи и оставете да се олади. Потоа додајте ја смесата со чоколадо и промешајте. Додајте уште 2 лажици рум, промешајте и обликувајте топчиња. Топчињата ставете ги во фрижидер на неколку часа.
