Мојата кујна

Колач со банана и ореви

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 шолји сецкани ореви

* 350 мл јогурт од ванила или банана

* 1 шолја изгмечени банани (околу 3)

* ½ шолја мелени кекси

* 1 лажичка рендана кора од лимон

* ¼ лажичка цимет

* 4 белки од јајце

* ¼ лажичка крем сир

* 3 лажици слатка павлака

* ¾ шолја темна чоколада, ситно исецкана

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Премачкајте го плехот со зејтин и ставете хартија за печење.

1/3 од оревите тргнете настрана за гарнир. Остатокот од оревите ставете го во процесор за храна или блендер додека не станат фино измелени.

Измешајте ги јогуртот, бананите, кексите, кората од лимон, циметот и мелените ореви во голем сад.

Изматете ги белките во сад со миксер на средна брзина додека не станат пенести. Додадете го крем сирот и матете на голема брзина 2 минути. Со гумена шпатула додадете малку од белките во смесата со јогурт.

Смесата истурете ја во загреаниот плех и израмнете ја површината. Печете 30-35 мин. додека површината не стане тврда на допир и со чепкалка за заби проверете дали е печена. Оставете да се лади 20 мин. Потоа извадете ја хартијата и оставете да се лади 1 час.

Измешајте ги чоколадата и слатката павлака во сад за микробранова и загрејте ја смесата 30 секунди. Промешајте и повторувајте ја постапката додека чоколадата се истопи.

Оваа смеса ставете ја на оладената кора, посипете ореви и оставете да се лади 30 минути.

Write A Comment