Без разлика дали имате еден парфем кој го обожувате и луѓето ве препознаваат по него, како на пример што бил Шанел 5 за Мерилин Монро, или пак сакате да експериментирате и често ги менувате мирисните ноти, сите ние имаме иста цел, парфемот да мириса во текот на целиот ден.
Често погрешно нанесуваме парфем, ставајќи премногу на зглобовите и клучната коска, во надеж дека повеќе парфер значи и подолго траење на мирисот, но за време на топлите летни денови премногу парфем едноставно значи премногу парфем.
Ако сакате преку целиот ден да мирисате на нежната цветна или освежителна цитрусна нота треба да ставите парфем на вистинските места, односно деловите од вашето тело кои најмногу се загреваат, бидејќи тие ќе му помогнат на парфемот да се распространи и вие ќе мирисате убаво подолго време.

Коса
Верувале или не, некои веруваат дека влакната на косата дури и подобро го пренесуваат мирисот од вашата кожа. Сепак бидете внимателни кога го нанесувате парфемот, наместо директно на косата распрскајте малку парфем на четката со што еднакво и суптилно ќе ја намирисате косата.
Зад ушите
Како и на зглобовите на рацете, така и зад ушите може да се почувствува пулсот, односно вените се поблиску до кожата со што се генерира повеќе топлина и мирисот се чувствува појако. Нанесувањето на парфем на овие точки веднаш ќе ви даде подобри резултати. Воедно ако носите накит ова е одлична алтернатива наместо нанесувањето парфем на вратот, бидејќи парфемот може да остави траги на ѓерданот.
На долниот дел од грбот
Може ви звучи чудно, но нанесување парфем на долниот дел од грбот ќе ја создаде мирисен бран помеѓу вашата кожа и облеката. Вашите природни движења низ воздухот ќе го разлеат мирисот суптилно, кој нема да биде директно пред вашиот нос, или пак луѓето околу вас, а воедно нема бргу да се заситите од вашиот мирис, туку тој повеќе ќе ви изгледа како дел од вас.
На внатрешната страна на лактите
Ова е уште една од точките каде се чувствува пулсот, па е исто така добра алтернатива за зглобовите. За да го максимизирате распространувањето на мирисот убаво хидрирајте на кожата на рацете пред да го нанесете мирисот.
Зад колената
Дури и ако не внимавале на часовите по физика, сепак веројатно сте запаметиле дека топлиот вуздух се крева нагоре. Па затоа има смисла да нанесете парфем на долниот дел од телото, така што мирисот ќе испарува во текот на денот. Внатрешната страна на зглобовите на нозете и зад колената се најдобра опција, бидејќи тие се најтопли.
Во папокот
Овој мал трик е украден од Лив Тајлер, која го наследила од својот татко Стивен Тајлер. Таа нанесува парфем на прстите, а потоа го размачкува на рацете и во папокот. Пробајте и вие.
