Дестинации

Хотел во кој домашни миленичиња се жирафи!

Луксузниот и скап хотел “Giraffe Manor” во кенискиот главен град Наироби, покрај другото, на своите посетитиели им нуди дружење со жирафи. Жирафите, всушност непречено се шетаат низ хотелскиот комплекс и се дружат со гостите.

“Giraffe Manor” има прилично долга традиција која датира од 30-тите години од минатиот век. И ден денес овој хотел ја има сочувано „магијата“ од тоа време, а секако, жирафите се најголемата атракција која што овој хотел може да ја понуди.

Во овој чудесен комплекс кој е сместен на 20 километри од Наироби, нема да се дружите само со жирафите! Имено, 180 видови на птици и уште неколку ретки животински видови ќе го привлечат вашето внимание. Хотелот е изграден по пример на шкотските куќи за лов (со оглед на тоа што Британците долго време владееле со Кенија), а нуди комбинација на традиционалното и модерното.
Секое реновирање е инспирирано од првобитниот декор на хотелот, а спалните соби се со огромни кревети со детали од античко време.

Write A Comment