Почнувајќи од преодниот период, кога се уште не сме подготвени за јакни и палта, па се до студените есенски денови кога ни е потребно дополнително загревање, ќе се носат елеци во различни должини, материјали, дезени…
Удобни и меки, минималистичките елечиња одлично ќе ви дојдат во студените денови, затоа подновете се на време.
Совршено стојат со обичните фармерки и маичката на долги ракави, како и со лелеавите фустанчиња и високите чизми.
Од спортски модели, па сè до елегантни модели долги до колената, оваа есен ќе биде во знакот на модерните елеци.








