ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
12 белки (за корите)
12 супени лажици шеќер (за корите)
3 супени лажици брашно (за корите)
300 г мелени ореви (за корите)
12 жолчки (за филот)
10 супени лажици шеќер (за филот)
250 г путер (за филот)
100 г чоколадо за готвење (за филот)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Од 6 белки и 6 лажици шеќер изматете цврсто шне.
Во шнето додадете 150 г мелени ореви и 1,5 лажица брашно и нежно, но добро промешајте со лажица.
Распоредете ја смесата во тавче за печење (од рерна) врз хартија за печење и ставете ја кората да се пече околу 15-20 минути (проверете со чепкалка да ли е готова).
Додека кората е уште топла, внимателно одлепете ја хартијата, исечете ги ивиците и поделете ја на два дела. Претходните чекори повторете ги уште еднаш за да добиете 2 кори. Оставете ги да се оладат убаво.
Сите жолчки ставете ги во подлабок сад за матење, и матете со миксер постепено додавајќи 10 лажици шеќер. Кога смесата ќе стане густа и бледожолтеникава, префрлете ја во тенџере и варете ја на пареа околу 17-18 минути со постојано мешање.
Настрана изматете го путерот со миксер и додадете го растопеното чоколадо. Убаво промешајте, а потоа додадете го во смесата со жолчки додека е уште топла (но не врела).
Оставете го филот малку да се олади, а потоа филувајте ја тортата. Можете врз секоја кора да испрскате малку млеко пред да го ставите филот.
