Убавина

6 Медитерански трикови за убавина

Дали некогаш сте чуле за маска за коса од мајонез? Или пак можеби за маслиново масло против пукање на врвовите и јаболков оцет против перут? Жените од медитеранот со години ги користат овие домашните третмани со кои ја одржуваат својата позната убавина.

 Авокадо или мајонез како длабински регенератор

Авокадото во комбинација со маслиново масло прави одлична регенеративна маска за коса бидејќи е богато со Б витамини, кои го поттикнуваат растот на косата и витамин Е, кој е добар за здравјето на скалпот.

Мајонезот пак е одличен за регенерација и хидратација на косата, поради што се препорачува за фарбана коса.

Пробајте: Изгмечете го авокадото (или заменете го со една шолја мајонез) и измешајте го со 1/4 шолја маслиново масли и една жолчка од јајце. Мешајте се додека не добиете единечна смеса и потоа масирајте ја влажната или сува коса со маската. Врзете ја косата на врвот на главата, а потоа завиткајте ја со топла влажна крпа. Оставете ја маската да одстои 20 минути и темелно исплакнете ја со топла вода.

Плакнете ја косата со јаболков оцет како третман за првут

Првутот е предизвикан од габичка инфекција на кожата на скалпот. Јаболковиот оцет е делотворен третман бидејќи го својата природна киселост го враќа pH балансот на кожата приближно до нормалниот.

Тој е исто така одличен за отстранување на остатоците од козметички производи за коса, како на пример лак за коса па дури и шампоните кои иако прават косата да ви биде мека и нежна на допир сепак имаат хемикалии кои не се измиваат лесно.

Пробајте: Измешајте 2 лажици јаболков оцет со 2 шолји вода. Истурете ја на мократа коса додека се туширате, веднаш по шампонирањето и темелно исплакнете. Доколку користите регенератор, нанесувајте го како и вообичаено.

Мед и шеќер како природен пилинг

Шеќерот е одличен за пилинг на кожата бидејќи го отстранува површинскиот слој на вообичаено мртви клетки што води до регенерација на нови клетки откако овие се отстранети. Медот пак има многу терапевтски особини како антимикробни својства, и се нанесува за низа на дерматолошки состојби.

Пробајте: Измешајте две лажици кафен шеќер со 1 лажица маслиново масло и 1 лажица мед и користете ја смесата како пилинг за лицето, усните и телото.

Алое вера за изгореници и други повреди на кожата

Aлое верата содржи витамини А, Ц и Е, ензими, минерали и антиоксиданси поради кои освен што го зголемува производството на колаген на оштетената кожа (поради што можете да го користите на изгребана, исечена, изгорена кожа), воедно служи како како УВА и УВБ заштите и помага во превенција на изгореници од сонце.

Пробајте: Добра идеја е да имате Алое вера растение во домот, кое ќе можете да го исечете и да го искористите неговиот гел кога и да ви затреба. Ако немате растение секогаш можете да купите готов Алое вера гел.

Сода бикарбона како дезодоранс

Ова е одлично решение за деновите кога ќе ви се потроши дезодорансот, или пак ако сакате природно решение. Сода бикарбоната помага во менување на pH вредноста на кожата, неутрализирајќи го растот на бактерии и лошиот мирис.

Пробајте: Измешајте 1/8 лажица сода бикарбона и околу 1/4 лажица вода и нанесете ја смесата на кожата.

Ако сакате можете да направите и сопствен природен дезодоранс со сода. Потребни ви се:

1/2 шолја кокосова масло

1/4 шолја густин

1/4 шолја сода бикарбона

1/8 – 1/4 есенцијално масло по желба

Ако кокосовото масло е во тврда состојба ставете го десет секунди во микро печка за да омекне. Измешајте го есенцијалното масло во него, а потоа додадете ги сода бикарбоната и густинот и мешајте се додека не добиете единечна смеса. Смесата префрлете ја во старо кутивче од дезодоранс или пак во кутивче од крем и нанесувајте со го рака.

Маслиново масло за сува кожа

Маслиново масло е одлично за масажа на сувата на целото тело. Воедно можете да го користите и за масажа и омекнување на кутикулите на ноктите, со што ќе имате нежни и меки раце.

Пробајте: Загрејте 2 лажици маслиново масло во микро печка на 30 секунди, и потоа оставете го малку да се олади. Киснете ги прстите во маслото 15-тина минути. Масирајте го маслото на ноктите и кутикулите во кружни движења додека не се апсорбира целото, а потоа избришете го ноктите и истурпијајте ги со турпија за нокти.

Write A Comment