Мојата кујна

Шницли со печурки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 800гр. свински шницли,

* 300гр. печурки (вид: вргањ),

* 50гр. сува сланина,

* 2 главици црн лук,

* 2 чешниња бел лук,

* сув зачин,

* бибер,

* 50гр. брашно,

* 50мл. масло,

* магдонос,

* малку бело вино, сол.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Шницлите исечете ги подебело, посолете ги, ставете им бибер, премачкајте ги со масло, а потоа оставете ги да преноќат во фрижидерот. Утредента секоја шницла од едната страна извалкајте ја во брашното и испржете ја во загреано масло. Готовите шницли ставете ги на топло, а на истото масло додајте му во блендер мелен бел и црн лук.Додајте ја и сланината, а потоа се’ кратко пропржете. Потем – додајте ги и печурките исечени на поголеми парчиња. Налејте вода и динстајте на тивок оган 10 минути. Месото вратете го во сад, прелејте се’ со вино и кратко гответе го на оган. Зачинете со билен зачин, бибер и магдонос и послужете.

Write A Comment