Убавина

Пилингот ја обновува кожата и ја стопира појавата на брчки

После туширање епидермисот е чист, а порите проширени. Тоа е идеалниот момент за отстранување на мртвите клетки. Процесот е познат како ексфолирање или пилинг.

Што претставува процесот? Тоа е брзо и ефикасно отстранување на површинскиот слој на кожата и како последица на тоа крвотокот се забрзува и ја снабдува кожата со неопходните хранливи материи, а токсините ефикасно се елиминираат. Не станува збор само за површинско чистење на кожата и отстранување мртвите клетки, туку и длабинско чистење од внатре на молекуларно ниво.

Продуктите за ексфолирање се најразлични, во вид на крем, паста, гел, сапун, маски и сл. Многу важно е да го изберете вистинскиот пилинг за вашиот тип кожа. Оние со сува кожа треба да ја применуваат процедурата не повеќе од еденаш седмично и да користат поблага верзија пилинг, односно со фина текстура.

Како се аплицира пилингот?

Најпрво го нанесувате пилингот на дланките и го аплицирате равномерно на лицето. Нежно и бавно масирате и тоа треба да трае околу пет мунути. Избегнете ја зоната околу очите зошто таму кожата е потенка од таа на останатиот дел од лицето.

Пилингот не само што ја прави кожата нежна и темелно ја чисти, но и помага целосно да ја апсорбира маската што после тоа ќе ја нанесете. Секогаш кога нанесувате маска на лицето, најпрво направете пилинг! Токму тоа е моментот кога порите се чисти и отворени и само така маската ќе може длабински да навлезе во кожата.

Наш совет е еднаш седмично да правите пилинг, после тоа да нанесете домашно приготвена маска и на крај да нанесете крем. Истовремено искористете го рационално времето и направете си маска за коса. Во нашата рубрика ќе најдете огромен број маски за лице и коса. Еден ден од неделата посветете го на својата убавина. Резултатите ви се гарантирани.

Write A Comment