ПОТРЕНИ СОСТОЈКИ:
* 1кг бело брашно
* 100гр путер или маргарин
* 2 лажичиња сол
* 2 лажичиња шеќер
* 25гр свеж квасец
*4дл вода
* 1 лажица оцет (растворен)
* 1 дл млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Во еден пласичен сад ставете го брашното, солта, путерот. Во друг сад загреете го млекото да биде млако и во него издробете го квасецот и ставете едно лажиче шеќер. Откако квасецот ќе се стопи ставете го во брашното и сето тоа замесете го со топла вода во која претходно сте ставиле едно лажиче шеќер. Тестото мора убаво да се одвојува од садот.
- Тестото покриете го и оставете го да отстои 50 минути. Откако ќе поминат 50 минути премесете го и оставете го да отстои уште 25 минути.
- Откао сте го премесиле тестото и отстојало доволно, работната површеина набрашнете ја и истресете го тестото на неа, од тестото направете 15 топчиња и оставете ги да отстојат уште 10 минути.
- Секое топче исукајте го и правете ги кифлите од горе надолу така што на почетокот ќе притиснете со дланката а потоа со двете раце ќе го виткате тестото додека не дојдете до крајот.
- Плехот за печење покриете го со хартија за печење, наредете ги кифлите и оставете ги да стојат се додека не станат дупло поголеми. Секоја кифла намачкајте ја со вода и попрскајте ја со сол.
- Печете во загреана рерна на 250 степени 12 минути.
- Рерната мора да биде многу загреана пред да ги ставите кифлите и сосема е доволно да ги печете 12 минути.

