ПОТРБНИ СОСТОЈКИ:
* 9 лажици вода
* 200g шеќер
* 150g мелени ореви, бадеми или лешници
* 250g мелени бисквити
* 170g путер
* 100g чоколадо за готвење
За глазура:
* 100g чоколадо за готвење
* Масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во длабок сад измешајте ја водата со шеќерот и загревајте додека шеќерот не се растопи. Додајте го путерот и мешајте додека не се стопи. Кога путерот потполно ќе се соедини, додајте ги оревите и бисквитите, па добро промешајте додека не добиете изедначена смеса.
Добиената смеса поделете ја на 2 еднакви дела.
Чоколадото стопете го на пареа и измешајте го со еден дел од смесата.
На послужавник ставете хартија за печење и истурете ја чоколадната смеса и со рацете обликувајте правоаголник. Повторете ја постапката и со белата смеса.
Прелијте ја бајадерата со стопено чоколадо и оставете ја во ладилник најмалку 3 часа.
Послужете и уживајте!
